Проектот „А бе, го сакам БАИРО ЧИСТ“! финансиски e поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и се реализираше во периодот меѓу мај 2020 и март 2021 год. Во рамките на проектот беа реализирани повеќе краткорочни цели, кои ќе ги подобрат условите за живот на населението во населбата Горен Баир. -Намалување на површините со диви депонии во Горен Баир; -Осознавање за комуналните проблеми со кои се соочува локалното население; -Воспоставување на систем за подигање на отпадот од ЈП Комуналец; -Алармирање на надлежните институции и јавноста за проблемите на просторот, -Поттикнување на одговорност кај населението и подигање на свеста за последиците од фрлањето на отпадоци. |
Резултати од проектот
Во текот на месец јуни и јули 2020 год. во рамките на проектот беше спроведено теренско истражување и анкетирање на населението во населбата Горен Баир. Резултатите од анкетирањето се дадени во инфографиците.
Изработена интерактивна карта на Google Maps за еколошките и комунални проблеми во Горен Баир.
ОРГАНИЗИРАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола, во рамките на проектот „А бе, го сакам БАИРО ЧИСТ“ поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, во соработка со Центар за еколошка демократија Флорозон од Скопје и Националната коалиција за животна средина (во која членуваат над 30 организации од државата), на 11.9.2020 год. во Хотел Епинал, Битола, организираше тркалезна маса на која преку конструктивна дебата меѓу граѓанските организации и институциите од Општина Битола се дискутираше за супстандардните услови за живот на ромското население во населбата Горен Баир во Битола и се предлагаа одржливи решенија за надминување на проблемите со дивите депонии, спалувањето на кабли и загадувањето на воздухот, како и проблемите со водоснабдувањето и хигиената на населението во услови на пандемија. На тркалезната маса беа присутни 14 учесници, од една страна претставници на институциите: Општина Битола, ЈП Водовод, ЈП Комуналец и ЈП Нискоградба, а од друга страна, претставници на граѓанските организациии: Преда Плус, Сумнал, Ромско јато и Сфера Интернешнал. На настанот беа презентирани резултатите од теренските истражувања во населбата Горен Баир, кои ги спроведе Геосфера-Битола, а се однесуваат на анкетирање на населението за најголемите еколошки и комунални проблеми, нивно мапирање и промоција на ВИДЕО за животот на ромското население. |
Your browser does not support viewing this document. Click here to download the document.
|
|
Your browser does not support viewing this document. Click here to download the document.
|
ЕКО-акција
Регионалното географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола, во рамките на проектот „А бе, го сакам БАИРО чист“ поддржан од Фондација Отворено општество Македонија“ во соработка со ромското население од населбата Горен Баир, реализираше еко-акција за чистење на дел од големата депонија кај игралиштето за фудбал. Иако акцијата е капка во морето, бидејќи проблемот е сериозен и претставува извор на бројни зарази, сепак очекуваме дека во иднина ќе успееме депонијата целосно да се исчисти и да допринесеме за здравјето на сите жители во населбата, бидејќи сите имаме право на живот во чиста животна средина, особено децата!
|
|
За зголемување на свеста и грижата на населението кон заштитата на животната средина, на ромското население од Горен Баир им беа доделени 35 канти за отпадоци со капацитет од 120 л. Со донацијата домаќинствата се обрзуваат на уредно депонирање на комуналниот отпад на одредената локација договорена во соработка со ЈП Комуналец Битола, а Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија се обврзува во текот на 2021 год. да ги снабдува домаќинствата со вреќи за ѓубре.
#ИнаБАИРОТсеМОЖЕ |
Онлајн петиција
Во рамките на проектот, како дополнителен притисок врз надлежните институции, пред се, ЈП Нискоградба и Општина Битола, беше спроведена онлајн петиција за поддршка од граѓаните во напорите за чистење на каналот за прифаќање на поројните води над населбата Бадембалари во Битола, како и герила акција.
Повеќе информации и поддршка на петицијата на следниот линк: ШО ПРАЈМЕ СО КАНАЛОТ НА БАЈРОТ! http://chng.it/GzmFRbrL |
|