GIS Day 2023
На 15 Ноември 2023 година РГД „Геосфера“ ќе го обележи GIS Day (Светскиот ден на ГИС-Географски Информациски Системи). Со цел промоција на оваа технологија, компанијата ESRI ги иницира ваквите настани, а ние со задоволство се приклучивме на иницијативата во која има илјадници учесници од целиот свет. На настанот, каде ќе учествуваат ученици од ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола и Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола, ќе се одржи работилница во која учесниците ќе се запознаат со основните функции на оваа технологија.
www.gisday.com/en-us/overview?fbclid=IwAR1eh5-loklgtQe_ALFVMled7V9bRJmPUdTK5IcPI31MDCJ12XKOAKgF9tc |
Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет
Геосфера како дел од Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет и стопирање на Концепцијата во основното образование, во соработка со три организации, започна кампања и поднесе документ до Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
За содржината на документот можете да се информирате подолу. |
Your browser does not support viewing this document. Click here to download the document.
Едукативната изложба „Патување низ Сончевиот систем“
Регионалното географско друштво „Геосфера“ и Астрономското друштво од Битола во соработка со Географско-астрономската секција при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола, ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, на 23.05.2019 год. (четврток) на плоштадот Магнолија, ја реализираа едукативната изложба насловена „Патување низ Сончевиот систем“.
На едукативната изложба присуствуваа голем број на ученици, граѓани и медиуми, со што, на интерактивен начин им ги приближивме знаењата за Сончевиот систем на сите љубители на астрономијата.
Изложбата беше интерактивна и несекојдневна и беше изграден Сончев систем во намален размер од над 23 милијарди пати, со што, сите планети беа соодветно распоредени од Сонцето низ Широк сокак (види слика).
На едукативната изложба присуствуваа голем број на ученици, граѓани и медиуми, со што, на интерактивен начин им ги приближивме знаењата за Сончевиот систем на сите љубители на астрономијата.
Изложбата беше интерактивна и несекојдневна и беше изграден Сончев систем во намален размер од над 23 милијарди пати, со што, сите планети беа соодветно распоредени од Сонцето низ Широк сокак (види слика).
ОСВЕСТИ СЕ! Еко-акција #1
РГД ГЕОСФЕРА -Битола во соработка со Организацијата на жени од Битола на 17.03.2019 год. организираше Еко-акција за чистење на просторот од отпадоци во регионот околу ОУ Елпида Караманди - Битола. На еко-акцијата присуствуваа околу 30 граѓани кои собраа десетици кубици на ѓубре и гордо ги повикаа граѓаните на Битола да се ОСВЕСТАТ и масовно да се приклучат кон ваквите акции, со цел, почиста животна средина и зголемување на свеста кај граѓаните, особено младите да не загадуваат.
Eко-акција #2
Членови на ГЕОСФЕРА - Битола, наставници и родители од ОУ "Елпида Караманди" - Битола и ученици од I-2 клас од Гимназија "Јосип Броз-Тито" Битола на 24.03.2019 год. се приклучија на повикот на наставничката Марија-Магдалена и учениците од Средното медицинско училиште "Јован Калаузи" - Битола во Еко-акцијата за чистење на просторот до Новиот пазар во Битола.
Браво за сите, особено за учениците, во давањето свој пример како треба да се бориме за почиста животна средина!
Браво за сите, особено за учениците, во давањето свој пример како треба да се бориме за почиста животна средина!
СТОП - сакам да поминам
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА-Битола во соработка со Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и граѓанските здруженија Граѓанска асоцијација, Емануил+, Ретки и различни и Дел од сите, во рамките на Европската недела на мобилност, на 19.09.2018 год. на пешачкиот премин кај Педагошка, со почеток во 11.55 часот, започнаа кампања за зголемена безбедност на пешаците во сообраќајот „СТОП-сакам да поминам“ и иницијатива до Општина Битола и СВР-Битола за поставување на семафори на повик на пешачкиот премин меѓу постојките кај Педагошка.
Според податоците на МВР-Битола, во периодот меѓу 2003 и 2015 год. на оваа улица потешко и полесно се повредени дури 38 пешаци, од кои голем број се деца! Со оглед на ниското ниво на сообраќајна култура кај возачите и неможноста децата безбедно да ги поминат 4 ленти на улицата, Ве молиме да ја поддржете кампањата и да ја потпишете петицијата, со што, ќе го спасите животот на нашите деца, нашата иднина, нашето сè ! |
Резултати од анкетата за безбедност на пешаците во град Битола
Врз основа на спроведеното истражување на Геосфера-Битола преку online анкета во првата половина на месец септември 2018 год. и добиено мислење од 770 испитаници ги презентираме следниве резултати: