Проектот „И на Баирот се може“ финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и ќе се спроведува во периодот меѓу март 2021 год. и февруари 2022 год.
Општа цел на проектот е зголемување на еколошката свест кај целото население и создавање на здрава, еколошка средина за живот, пред се, за најмладите жители на овој реон, но и генерално подобрување на условите во делот на градот Битола каде што живее ромското население, односно подигнување на квалитетот на амбиентот во просторот преку низа планирани активности. Краткорочни цели:
|
Кога невозможното станува возможно!
Во големата ЕКО-акција која ја организира Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола во рамките на проектот "И на БАИРОТ се МОЖЕ" финансиски поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, беше исчистено преку 100 m3 ѓубре од најголемата дива депонија во населбата Баир. За просторот да остане чист ангажирани се млади кои ќе се грижат за хигиена, а преку директна комуникација и едукација на населението ќе воведиме еколошки навики и вештини за реупотреба на отпадот, со што, ќе покажеме дека #ИнаБАИРОТсеМОЖЕ