Географијата и географите во Битола и Битолско
По повод јубилејот 15 години од основањето на Геосфера-Битола, Проф. Д-р Никола Димитров ја промовираше во јавноста монографијата „Географијата и географите во Битола и Битолско“. Оваа монографија е од исклучително значење за зачувување на трагите од бројните активности на географите од битолскиот регион во текот на декади наназад, но во исто време, да даде поттик на новите генерации географи, да продолжат со истото темпо во негувањето на географската мисла.
Монографијата во моментот е достапна само во електронска форма и истата можете да ја симните ОВДЕ. Во иднина доколку се најдат финансиски средства монографијата ќе биде испечатена. |
Годишно собрание за 2019 год.
Годишното собрание се одржа на ден 05.10.2019 година, со почеток во 10 часот во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола;
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2018 год.
2. Презентација на активностите на друштвото за 2019 год.
3. Едукативно предавање на тема: Подобрување на професионалните компетенции на наставниците по географија преку активностите на „CRL School 2019“-предавач Мите Ристов.
4. Едукативна работилница на тема „Иновативна настава, креативни ученици“ како дел од десеминацијата на Еразмус+ проектот и мобилноста реализирана во Сплит, Хрватска-предавач Мите Ристов.
5. Тековни прашања

Претседателот м-р Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите.

Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2019 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
3. Едукативно предавање и 4.Едукативна работилница
Во однос на точките 3 и 4 предавачот м-р Мите Ристов ги сподели искуствата од Еразмус + проектот и обуката во склоп на „CRL School 2019“ , па така присутните се запознаа со некои апликации и техники со помош на кои би се зголемила креативноста во водењето на наставата, како и со резултати од некои истражувања поврзани со наставата и наставниците.
5. Тековни прашања
Во однос на тековните прашања присутните беа известени за вклучувањето на друштвото во нов проект поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија, „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во себе“, кој ќе опфаќа анкетирање на ученици, организирање на предавања и работилници, детектирање на депонии, картирање на зелени површини, предлог решенија за зголемување на еко-свеста кај населението и друго.
Се дискутираше за проширување на соработката со други организации, зголемување на активноста на членовите, како и придобивање на нови членови на друштвото.
Се даде предлог за Ноември месецот на науката повторно да се организираат предавања-работилници за најистакнатите ученици од основните и средните училишта.

Ден на граѓанските организации
РГД ГЕОСФЕРА - Битола со креативната едукативна игра „Монопол на животната средина“ на 14.09.2019 год. во Скопје, учествуваше на настанот „Ден на граѓанските организации“ во организација на Civica Mobilitas. Едукативната игра беше добро прифатена од посетителите, особено од младите, кои уживаа играјќи одговарајќи на прашања поврзани со теми од животната средина, како: Загадување на воздухот и водата, пренаселеност, уништување на шумите, озоносфера, глобално затоплување и сл. За најдобрите учесници следуваше награда: Атлас по екологија, кој се надеваме дека ќе допринесе за поголеми знаења и вештини на граѓаните поврзани со екологијата и заштитата на животната средина.
Семинар за стручно усовршување
Членовите на Геосфера-Битола присуствуваа на семинарот за стручно усовршување кој се реализира на 30.11.2018 год. на Институтот за географија при ПМФ-Скопје во организација на Македонското географско друштво.
Програма од семинарот можете да видете ОВДЕ. |
Eдукативна работилница 24.11.2018 год.
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола на 24.11.2018 год. во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола одржа едукативна работилница на тема: „Ресурси и примери на интерактивна настава по предметот географија за 9 одделение“ за наставниците по географија од Пелагонискиот регион. На работилницата учествуваа и колеги од Регионалното географско здружение „Проф.Д-р Митко Панов“ од Прилеп.
Работилницата со практични примери ја водеа м-р Мите Ристов и Даниела Ристова.

12 Годишно собрание на РГД „Геосфера“-Битола
З А П И С Н И К од одржаното Дванаесетто Годишно Собрание на Регионалното географско друштво „Геосфера“ – Битола
- Годишното собрание се одржа на ден 12.05.2018 година, со почеток во 10 часот во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола;
- На Собранието присуствуваа 18 членови.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2017 год.
2. Презентација на активностите на друштвото за 2018 год.
3. Информација за одржаните натпревари по Географија и семинари за стручно усовршување од МГД и ЗПГМ
4. Реализација на теренско истражување од Геосфера и ЗПГМ
5. Презентација на новите наставни програми за 7, 8 и 9 одд. за основното образование
6. Предлози за подобрување на предлог законот за основно образование
7. Тековни прашања

Претседателот м-р Мите Ристов го презентираше извештајот (кој е приложен со овoј записник) за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите.

Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма (која е приложена со овoј записник) за 2018 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.

Се донесе општ заклучок дека резултатите од овогодинешните натпревари по Географија беа доста успешни, со освоени голем број на места како во категоријата на основни училишта, така и во средните и стручните училишта.
Дел од членовите на РГД „Геосфера“ присуствуваа на 6-та Седница на Собрание на ЗПГМ, на која со големо задоволство го следеа предавањето на хрватскиот географ м-р Дејан Немчиќ, „Образованието во 21 век-како на часот по Географија се споивме со луѓето од други континенти“ и ги пренесоа своите впечатоци од истото.

Членовите на РГД „Геосфера“ беа известени дека ЗПГМ продолжува со својата традиција и оваа година, па во тек е организација на теренско истражување во соседна Албанија и Црна Гора, на кое со задоволство не покануваат и нас.
Воедно се даваа и предлози за организирање на заедничка екскурзија со Регионалното географско здружение Митко Панов од Прилеп, која се планира да биде изведена во текот на месец јуни.
5. Презентација на новите наставни програми за 7, 8 и 9 одделение за основното образование
Присутните беа известени дека во текот на месец јуни планиран е дводневен семинар на кој претставници од БРО ќе ги презентираат новите наставни програми по Географија за 7, 8 и 9 одделение и промените во наставните содржини на истите.

Со цел да се подобрат условите за извршување на образовниот процес, присутните членови дискутираа за предлог законот за основно образование и дадоа свои забелешки за истиот, кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, поткрепени со низа аргументи, со надеж дека ќе бидат земени во предвид при изработката на финалната верзија на законот.
7. Тековни прашања
Секретар М-р Гордана Богоевска

Scientix работилница - Scientix workshop (17.03.2018)
#Scientix работилницата е реализирана за наставниците по географија од регионот на Битола. Работилницата ја водеше м-р Мите Ристов, Scientix Амбасадор.
The #Scientix workshop was held for the geography teachers from the Bitola region. The workshop was chaired by Mite Ristov MSc, Scientix Ambassador.

Есен 2017 год. - Реализирани работилници и предавања на Геосфера
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола на 05.11.2017 год. организираше еднодневен семинар за географите ширум Македонија.
На семинарот беше одржан нагледен час по географија, работилница за порталот ЕДУ-АРКТИК и едукативно предавање за загадување на воздухот.

Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, реализира едукативни работилници кои се одржаа во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола, на 30.9.2017 год.
Дневен ред:
Дневен ред:
- Едукативна работилница во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај!“: „Примена на мобилни апликации во идентификацијата на аерозагадувачите во град Битола“.
- Едукативна работилница на тема: „Користење на едукативниот портал ЕДУ-АРКТИК во професионалното усовршување на наставниците и во наставата и воннаставните активности по предметот географија“. Искуство од едукативниот форум во Варшава, Полска.
Предавач: м-р Мите Ристов
Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, на 30.8.2017 год. во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола, реализираше работен состанок.
Дневен ред:
4. Тековни прашања.
Дневен ред:
- Информација за активностите на друштвото во однос на добиениот проект од организацијата Цивика Мобилитас.
- Дискусија за проблемите во образованието и доставување на предлози до МОН.
- Едукативна работилница: „ Примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците - Educaplay “.
4. Тековни прашања.
Одржано 11 годишно собрание
11 годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 25.02.2017 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
Дневен ред:
Дневен ред:
- Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2016 год.
- Презентација на предлог активности на друштвото за 2017 год.
- Регионални натпревари по географија за 2017 год.
- Семинар за наставниците по географија во организација на МГД.
- Состанок со претставници од Здружението на наставници по географија - Скопје и советникот по географија Ивица Гиевски.
- Смена на членовите на Извршниот одбор на Друштвото.
- Едукативно предавање на тема: „Фактори и принципи за одредување на најповолен простор за домување во град Битола“ - презентација на магистерски труд, предавач Мите Ристов.
- Разно
Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола одржа работен состанок во просториите на ОСУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола, на 08.10.2016 год.
Дневен ред:
10 годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 27.02.2016 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2015 год.
Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите.
2. Презентација на активностите на друштвото за 2016 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2016 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. Посебно внимание се посвети на подготовкита за одбележување на 10 годишнината од постоењето на друштвото.
3. Регионални натпревари по географија за 2016 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 09.04.2016, републичкиот натпревар ќе се одржи на 06 и 07 Мај, 2016 година, а за местото на одржување ќе се добие дополнително известување. За основните училишта оваа година натпреварувањата ќе бидат на тема „Америка“.
4. Информација за новите услови за членство во МГД
Во однос на новите услови за членство во МГД (задолжително плаќање на чланарини со различна вредност, во зависност од понудените услуги) се завзеде заеднички став, да се поднесе барање за одредено намалување на чланарината за членовите на РГД „Геосфера“, со образложение дека нашите членови имаат веќе одредени трошоци, а воедно се и задоволително активни на регионално ниво.
5. Дискусија за новиот учебник за 6 одделение и екстерно тестирање.
Наставниците ги споделија своите искуства во однос на новиот учебник по географија за 6 одделение и општиот заклучок беше дека учебникот е подготвен на задоволително ниво. Во однос на екстерното тестирање постојат стравувања од страна на наставниците за прашањата кои ќе бидат подготвени, а ќе се однесуваат на оној дел од материјалот за кој учебникот сеуште не беше достапен.
6. Семинар за стручно усовршување на наставниците
На членовите на друштвото им беше дадена информација за одржување на семинар за стручно усовршување на наставниците по географија, кој ќе се оджи на 19.03.2016 год. во просториите на Инситутот за географија при ПМФ-Скопје. Дел од присутните изразија желба за учество на семинарот, поради што ќе се извршат дополнителни консултации и со неприсутните членови, со цел организирано учество на истиот.
7. Прослава на јубилејот 10 год. Геосфера
По оваа точка од дневниот ред беа дадени повеќе предлози на кој начин да се одбележи јубилејот, како: организирање на изложба со ретроспектива од активностите на друштвото за изминативе 10 години, понатаму, изложба на учениците од основните училишта со нивни изработки од одредени истражувања од областа на географијата и промоција на монографија за географите на територија на општина Битола од минатото до денес.
Секретар: Гордана Богоевска
Деветото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 28.02.2015 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2014 год.

2. Презентација на активностите на друштвото за 2015 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2014 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
3. Регионални натпревари по географија за 2014 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 18.04.2015 год. во ОУ „Коле Канински“ Битола со почеток во 8 часот.
4. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје
Наставниците беа известени за одржувањето на семинарот за наставниците по географија на Институтот по географија во Скопје (21.03.2015 год.) и се договори да се организира превоз за помасовно учество на истиот.
5. Изработка на проекти за учество во конкурсот на Општина Битола за финансирање на проекти на здруженија на граѓани
Беше формирана работна група која ќе изработи предлог проекти во состав: Мите Ристов, Гордана Богоевска, Методиј Богоевски, Тони Гештаковски и Анета Печипајковска.
6. Предавање на тема: Процеси на демографско стареење на Пелагонискиот регион, м-р Методиј Богоевски, одбрана на магистерски труд.
Претседател: Мите Ристов
Осмото годишно изборно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 04.04.2014 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2013 год.

2. Избор на претседател на Друштвото за наредните 4 години.
Собранието на Друштвото го номинира досегашниот претседател Мите Ристов за уште еден мандат и едногласно беше избран за претседател на Друштовото за уште 4 години.
3. Презентација на активностите на друштвото за 2014 год.

4. Регионални натпревари по географија за 2014 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија нема да се одржат поради доцнењето во издавањето на акредитации за организиација на натпревари од страна на Министерството за образование и наука.
5. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје
Наставниците беа известени за одржаниот семинар од страна на колегите кои присуствуваа на истиот и им беа посочени одредени поединости од излагањата на предавачите.
Претседател: Мите Ристов
Работниот состанок на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 16.11.2013 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Екстерно тестирање на учениците - Анализа на дел од прашањата и дискусија
Членовите на друштвото направија стручна анализа на поставените прашања за екстерното оценување и се водеше конструктивна дискусија на која преовладуваше мислењето дека голем дел од прашањата не се соодветно поставени според возраста на учениците и тежинското ниво, излегуваат од рамките на наставната програма и во голема мера содржат фактографија.
2. Информација за Меѓународниот симпозиум на тема „Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја“, Охрид, септември, 2013 год. Присутните беа информирани за одржаниот сумпозиум и сите негови позитивни и негативни придобивки.
3. Едукативно предавање на тема: Израел земја на контрасти.
Предавањето го реализираше Мите Ристов кој со присутните го сподели личното искуство од посетата на Израел во рамките на еукативните работилници поврзани со Холокаустот реализирани во Институтот Јад Вашем, Ерусалим.
Меѓународен симпозиум на тема „Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја“, Охрид, септември, 2013 год. Неколку членови на РГД Геосфера учествуваа во работата на симпозиумот кој се одржа во хотелот Силекс. Професорот Никола В. Димитров учествуваше со презентација на два научни труда. Повеќе информации на погоре дадениот линк.
Учество на наставниците по географија од регионот на Битола на Семинарот по географија организиран од страна на Македонското географско друштво на Институтот за географија при ПМФ - Скопје (16.03.2013 год.).
РГД „Геосфера“ организираше превоз за 15 колеги од регионот на Битола кои учествуваат на овој семинар.
На семинарот се дискутираше за акуелни теми и проблеми во наставата по географија и општо во образованието во Македонија, а беа одржани и четири предавања во функција на наставата по географија на следниве теми:
Седмото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 02.03.2013 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2012 год.

2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници
Присутните на ова собрание беа извесетени за посетеноста на овие предавања и заинетесираноста на учениците за истите. Се донесе глобален заклучок дека овие предавања ја постигнаа својата цел, односно ја промовираа географијата како наука и заинтересираноста за истата ја подигнаа на повисоко ниво.
Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите. Повеќе можете да видите на: www.geosferaedukacija2012.webs.com
Исто така беа поделени потврди за активно присуство, како на учениците така и на наставниците кои ги посетуваа овие работилници.
4. Презентација на активностите на друштвото за 2013 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2013 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
5. Регионални натпревари по географија за 2013 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 30.03.2013 год. во ОУ „Стив Наумов“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 13.04.2013 година, најверојатно во Скопје.
6. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје
Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 16.03.2012 година. На состанокот повеќе присутни се изјаснија дека сакаат да учествуваат на семинарот, поради што беше договорено најдоцна за една недела да се пријават сите заинтересирани, а Друштвото ќе го организира превозот до Скопје.
7. Презентација на веб страници корисни во наставата по географија
На членовите на Друштвото им беа презентирани корисни веб страници во наставата по географија, со што знаењата по географија кај учениците, но и наставниците по географија ќе се издигнат на едно повисоко ниво, а нставата по географија ќе биде подинамична и поинтересна. Интернет страниците можете да ги видите во делот на ЛИНКОВИ.
Претседател: Мите Ристов
Работниот состанок на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 22.09.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На состанокот се дискутираше за неколку точки и се реализира едукативна работилница.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај од реализираната екскурзија во Водопадот Дуф и пештерата Шаркова дупка.
Присутните беа известени дека на екскурзијата присуствуваа 8 членови од друштвото и претседателот на друштвото апелираше за поголемо учество на наредните екскурзии од страна на сите членови. Воедно членовите беа известени дека екскурзијата помина одлично во секој поглед, а пред се научен.
2. Подготовки за одржување на серија од предавања и работилници по повод месецот на географијата.
Во текот на дискусијата за оваа точка професорите д-р.Никола Димитров и Методиј Богоевски доброволно се пријавија за учество и изработка на предавања и работилници по повод месецот на географијата
3.Едукативна работилница на тема: „Подготовка и изработка на тест прашања во географијата според Блумовата таксономија (различно тежинско ниво)“
Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа ги доусовршија своите знаења за примена на Блумовата таксономија и се обидоа да создадат збир на прашања со различни тежински нивоа, кои ги споделија со останатите колеги и дискутираа за истите.
4.Тековни прашања
Беше даден предлог за темата на наредната обука да биде подготвување на електронски тестови за согледување на знаењата на учениците.
Секретар: Гордана Богоевска
Шесттото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 18.01.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2011 год.

Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите.

3. Ажурирање на списокот со членови на друштвото
Со цел да не доаѓа до застој на работата на друштвото за донесување на одредени одлуки, а воедно и да се има реална претстава за неговите активни членови, се направи селекција на оние членови од друштвото кои повеќе не присуствуваат во наставниот процес.
4. Презентација на активностите на друштвото за 2012 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2012 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
5. Регионални натпревари по географија за 2012 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 14.04.2012 (дополнително се презакажани за 07.04.2012 год.) во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 04.05.2012 година, и тоа во Делчево. За основните училишта оваа година натпреварувањата ќе бидат на тема „Африка, Северна и Јужна Америка“.

Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 21.01.2012 година. Поради лошите временски услови посетата на семинарот од страна на друштвото беше откажана, за што се даде предлог да се напише писмо за известување на нашето отсуство и извинување за истото, упатено до Институтот за географија-Скопје.
7. Разно
Присутните беа информирани за претстојната обука организирана од Мајкрософт и Министерството за образование и наука, на која учесниците ќе се обучат за изработка на видео материјали во програмот Movie maker.
Секретар
Гордана Бошковска
· Состанокот се одржа на ден 24.09.2011 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОСУ Гимназија "Јосип Броз-Тито" - Битола
ДНЕВЕН РЕД
2. Дискусија за предметот природни науки и техника во шесто одделение (гостин: Ивица Гиевски-советник по географија)
Бидејќи советникот Ивица Гиевски беше оневозможен да присуствива на состанокот, се разви само кратка дискусија во која според искуствата на наставниците кои предаваат во шесто (деветтолетка) одеделение, се дојде до заклучок дека наставните содржини кои произлегуваат од предметот географија се минимално објаснати во изготвениот учебник, а со тоа се чувствува и оштетеност како кај наставниците така и кај учениците.
3. Доделување на признанија за учениците кои освоија награди на регионалниот натпревар по географија 2011 година
Претседателот Мите Ристов ги додели признанијата на менторите на успешните ученици, со желби за уште поголеми успеси на наредниот регионален и републички натпревар.
4. Едукативна работилница на тема „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“ (за членовите кои не присуствувале на работилницата реализирана во месец јуни)
Едукативната работилница повторно беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа си отворија профили на кои беа обучени сами да изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат простор за формативно оценување во текот на секој час, како и претстава колку учениците совладале во текот на часот.
5. Разно
По оваа точка од дневниот ред се одреди терминот и локацијата на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која ќе се реализира на 15.10.2011 година со следнава маршута: Битола-Маврово-водопад Дуф, с.Ростуше-Охрид-Битола.
Состанокот се одржа на ден 22.06.2011 год., со почеток во 09,00 часот во просториите на
ОУ "Тодор Ангелевски" - Битола
· На состанокот присуствуваа 20 членови
ДНЕВЕН РЕД
-голем дел од наставните содржини се повторуваат;
-малку часови за повторување и утврдување на знаењата на учениците;
-преголем број на наставни содржини, во кои има непотребни податоци (пр. парламент, пратеници, уредување, и т.н.)
Со цел подетално да се обработат и прошират овие забелешки, се оформи работна група составена од следниве членови: Никола Димитров, Лука Карапетроски, Методиј Богоевски и Гордана Бошковска.
2. Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“
Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што наставниците си отворија профили на кои беа обучени сами да изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат простор за формативно оценување во текот на секој час, како и претстава колку учениците совладале во текот на часот.
3. Разно
По оваа точка од дневниот ред се дискутираше за терминот на реализација на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која се одложи за месец август 2011 година.
4. Пет години од работата на РГД „Геосфера“
Со голема радост, скромен коктел и торта, се прослави петгодишнината на постоењето на РГД „Геосфера“, со желби дека активностите во иднина ќе бидат на уште повисоко ниво, со цел подобрување на местото на географијата во образовниот процес и промоција на истата.
Петтото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 05.02.2011 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Презентација на годишната програма за работа на Друштвото
2. Избор на членови во работни тела на Друштвотo
Во однос на втората точка од дневниот ред, беа едногласно избрани следниве предложени членови на: Извршен одбор:
· Никола Димитров (Битола);
· Лука Карапетроски (Битола);
· Трајанка Гелевска (Битола);
· Сашо Вренцовски (Д.Хисар) и
· Сузана Тозиевска (Ресен).
Надзорен одбор:
· Бранко Стојановски (Битола);
· Ристо Грујовски (Битола);
· Татјана Бунарџиевска (Битола).
3. Промена на Статутот на Друштвото
Беа дадени предлог промени на вкупно 14 члена (2, 6, 7, 10, 15, 16, 20, 21, 24, 25, 30, 33, 34 и 46) на Статутот на Друштвото кои беа едногласно усвоени.
4. Организирање на регионалните натпревари по географија
На почетокот се известија присутните наставници дека оваа година регионалните натпревари ќе бидат на 16.04.2011, а републичкиот на 06 и 07.05.2011г во Валандово. За основните училишта ќе бидат содржините од учебникот за VII одд. Потоа се дискутираше за одредување на домакин (училиште) на регионалните натпревари. Бидејќи минатата година и регионалниот и државниот натпревар беа во О.У. „Елпида Караманди“ претседателот на Друштвото, Мите Ристов, даде предлог оваа година регионалниот натпревар да се одржува во О.У. „Коле Канински“ (како второ-пласиран на регионалниот натпревар изминатата година).
Во однос на изготвувањето на тестовите се донесе одлука оваа година да бидат пратени тестови од Македонското Географско Друштво, со цел да се постигнат поголеми резултати на Републичкиот натпревар.
5. Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“
За жал последната активност од дневниот ред не беше реализирана, поради технички причини и беше одложена за наредниот состанок.
6. Разно
Претседателот на Друштвото Мите Ристов го презентираше заедничкиот труд со Даниела Ристова, на тема „Наставата по географија во 21 век“ кој беше успешно презентиран и прифатен на IV Конгрес на географите на РМ во Дојран минатата година.
Третото изборно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 20.11.2010 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2010 год.
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Четвртиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа во Дојран (7 - 10 октомври 2010 год.). На оваа манифестација учествуваа повеќе од 50 излагачи. Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
На 23.01.2010 год. на Институтот за географија при ПМФ-Скопје, се одржа стручен семинар за наставниците и професорите во основните и средните училишта во Македонија.Неколку професори имаа свое излагање на различни теми.
Четвртото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 15.01.2010 год., со почеток во 13,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа поголем дел од членовите на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2009 год.
Големи честитки за наставникот Митре Тасевски од ОУ „Коле Канински“ во Битола, кој од Републичкото здружение на просветни работници ја доби престижната награда „Наставник на годината“, со што, ја круниса долгогодишната успешна работа како наставник по географија!
Од сесрце ти посакуваме многу здравје и понатамошни успеси!
МЕЃУНАРИОДЕН НАУЧЕН СИМПОЗИУМ, на тема: „ГЕОГРАФИЈАТА И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ”
ОХРИД, 22-25.10.2009 ГОДИНА, место на одржување хотел “Гранит”-Охрид
На симпозиумот зедоа учество географи од 11 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Албанија, Словачка, Унгарија и Полска) и беа презентирани над 70 реферати од над 100 учесници.
Распоредени во три сесии:
Исто така, по повод 60 годишнината од работата на Македонското географско друштво, на членовите на РГД „Геосфера“: Мирјана Георгиевска, Трајанка Неделковска, Лука Карапетроски и Мите Ристов, им беше доделена Пофалница за придонес во развојот и афирмацијата на географијата!
Третото годишното собрание се одржа на ден 17.01.2009 год., со почеток во 11,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2008 год.
2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото за 2008 год.
3. Подготовки за еднодневната едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 23.01.2009 год., со изработка на предлози и сугестии за претстојните екстерни оценувања на крајот од учебната година.
4. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2009 год.
5. Подготовки за реализирање на регионалниот натпревар по географија
6. Презентации на изработени веб-страници од географските секции во училиштата: Гимназија „Јосип Броз-Тито“ (http://www.geografija-bt.webs.com), ОУ „Тодор Ангелевски“, (http://www.geo-todor.tk), ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ (http://www.geo-sugarev.webs.com)
7. Разно
На 20.06.2007 год. во просториите на ОСУ „Таки Даскало“ во Битола, за наставниците и професорите од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар, се организира еднодневен семинар на тема: „Изработка на ВЕБ-страница за потребите на географската секција во училиштата“.
Изработката и реализацијата на семинарот беше на проф. Мите Ристов и д-р Никола В. Димитров.
На семинарот зедоа учество скоро сите професори и наставници од регионот кој го покрива РГД „Геосфера“. Секое училиште имаше свој претставник.
Советникот по географија д-р Никола В. Димитров ги потенцира придобивките од одржувањето на овој семинар, како за наставниот кадар по географија, така и за учениците.
Професорот по географија Мите Ристов, визуелно ги потенцира најбитните чекори при изработката на ВЕБ-страницата и за секое училиште беше подарено по едно ЦД на кое сликовито, со неколку чекори е опишана постапката за изработка на ВЕБ-страницата за потребите на географската секција.
На 24.03.2007 год. во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, во соработка со Бирото за развој на образоаванието-Битола, се одржа едукативна средба, со наставниот кадар по предметот географија, од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар.
На средбата се дискутираше по следниот дневен ред:
Оваа информација предизвика бурна реакција кај учесниците на средбата. Во однос на дискусиите, сите се движеа во насока на тоа дека професорите од Институтот по географија, при ПМФ, како и советникот во Бирото за образование од Скопје, недоволно застанале во одбрана и лобирање за географијата.
фото - галерија
Второто годишното изборно собрание се одржа на ден 09.02.2008 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2006 и 2007 год.
2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото
3. Информација за присуството на еднодневанта едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 18.01.2008 год.
4. Избор на работно претседателство и водење на седница за избор на ново раководство на Друштвото (на старото раководство му беше изгласана доверба за вршење на должноста и во наредните 2 години)
5. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2008 год.
6. Подготовки за реализирање на регионале натпревар по географија
7. Доделување на членски книшки на членовите на Друштвото
8. Обука за користење на Google Earth во наставата по географија
9. Разно
фото - галерија
Основачкото собрание на Регионалното географско друштво „Геосфера“ со седиште во Битола, се одржа на 10.12.2005 год. во просториите на ДСУ „Таки Даскало“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинството од географите во Битола, Ресен и Демир Хисар.
Основачкото собрание беше поделено на два дела: презентација на научните трудови на професорите и наставниците кои учествуваа на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија и основање на РГД „Геосфера“.
Првиот дел, побуди виден интерес, и учесниците со големо внимание ги проследија трудовите презентирани на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија.
Во вториот дел од Основачкото собрание, учесниците беа информирани со предлогот на Иницијативниот Одбор за избор на раководни тела на Друштвото, а потоа се пристапи кон гласање. Предлогот едногласно беше изгласан!
Раководните тела се дадени во прилог на оваа ВЕБ-страница. фото - галерија
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Третиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа на 15.10.2005 год. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На оваа манифестација учествуваа повеќе од 100 излагачи, досега рекорден број на презентери кои воопшто се појавиле на било кој конгрес одржан во нашата земја, од кои половината беа од странство (Бугарија, Србија и Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина). Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
Дневен ред:
- Семинар за наставниците по географија организиран од Македонското географско друштво на Институтот за географија - 15.10.2016 год.
- Информација за активностите на друштвото во однос на аплицирањето за доделување на проекти.
- Одбележување на јубилејот 10 год. од формирањето на Геосфера.
- Едукативно предавање: „Просторно-морфометриска анализа на карбонатните карпи во Р.Македонија“, презентација на магистерски труд.
Предавач: м-р Гордана Богоевска - Едукативно предавање: „Швајцарија - земја на можности“, споделување на лично искуство од двонеделниот престој во Троген, Швајцарија.
Предавач: Даниела Ристова. - Тековни прашања.

- Влијанието на Глобалото затоплување и стопанските активности
- Глобални навигациски сателитски системи во функција на наставата по географија
- Работните обврски на географите кај нас и во светот
- Подземните карстни форми во функција на наставата по географија
Седмото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 02.03.2013 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2012 год.
Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите.
2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници
Присутните на ова собрание беа извесетени за посетеноста на овие предавања и заинетесираноста на учениците за истите. Се донесе глобален заклучок дека овие предавања ја постигнаа својата цел, односно ја промовираа географијата како наука и заинтересираноста за истата ја подигнаа на повисоко ниво.
Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите. Повеќе можете да видите на: www.geosferaedukacija2012.webs.com
Исто така беа поделени потврди за активно присуство, како на учениците така и на наставниците кои ги посетуваа овие работилници.
4. Презентација на активностите на друштвото за 2013 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2013 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
5. Регионални натпревари по географија за 2013 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 30.03.2013 год. во ОУ „Стив Наумов“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 13.04.2013 година, најверојатно во Скопје.
6. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје
Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 16.03.2012 година. На состанокот повеќе присутни се изјаснија дека сакаат да учествуваат на семинарот, поради што беше договорено најдоцна за една недела да се пријават сите заинтересирани, а Друштвото ќе го организира превозот до Скопје.
7. Презентација на веб страници корисни во наставата по географија
На членовите на Друштвото им беа презентирани корисни веб страници во наставата по географија, со што знаењата по географија кај учениците, но и наставниците по географија ќе се издигнат на едно повисоко ниво, а нставата по географија ќе биде подинамична и поинтересна. Интернет страниците можете да ги видите во делот на ЛИНКОВИ.
Претседател: Мите Ристов
Работниот состанок на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 22.09.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На состанокот се дискутираше за неколку точки и се реализира едукативна работилница.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај од реализираната екскурзија во Водопадот Дуф и пештерата Шаркова дупка.
Присутните беа известени дека на екскурзијата присуствуваа 8 членови од друштвото и претседателот на друштвото апелираше за поголемо учество на наредните екскурзии од страна на сите членови. Воедно членовите беа известени дека екскурзијата помина одлично во секој поглед, а пред се научен.
2. Подготовки за одржување на серија од предавања и работилници по повод месецот на географијата.
Во текот на дискусијата за оваа точка професорите д-р.Никола Димитров и Методиј Богоевски доброволно се пријавија за учество и изработка на предавања и работилници по повод месецот на географијата
3.Едукативна работилница на тема: „Подготовка и изработка на тест прашања во географијата според Блумовата таксономија (различно тежинско ниво)“
Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа ги доусовршија своите знаења за примена на Блумовата таксономија и се обидоа да создадат збир на прашања со различни тежински нивоа, кои ги споделија со останатите колеги и дискутираа за истите.
4.Тековни прашања
Беше даден предлог за темата на наредната обука да биде подготвување на електронски тестови за согледување на знаењата на учениците.
Секретар: Гордана Богоевска
Шесттото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 18.01.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2011 год.
Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите.
2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници
Присутните на ова собрание беа извесетени за посетеноста на овие предавања и заинетесираноста на учениците за истите. Се донесе глобален заклучок дека овие предавања ја постигнаа својата цел, односно ја промовираа географијата како наука и заинтересираноста за истата ја подигнаа на повисоко ниво.
Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите.
Исто така беа поделени потврди за активно присуство, како на учениците така и на наставниците кои ги посетуваа овие работилници.
3. Ажурирање на списокот со членови на друштвото
Со цел да не доаѓа до застој на работата на друштвото за донесување на одредени одлуки, а воедно и да се има реална претстава за неговите активни членови, се направи селекција на оние членови од друштвото кои повеќе не присуствуваат во наставниот процес.
4. Презентација на активностите на друштвото за 2012 год.
Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2012 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година.
5. Регионални натпревари по географија за 2012 год.
Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 14.04.2012 (дополнително се презакажани за 07.04.2012 год.) во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 04.05.2012 година, и тоа во Делчево. За основните училишта оваа година натпреварувањата ќе бидат на тема „Африка, Северна и Јужна Америка“.
6. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје
Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 21.01.2012 година. Поради лошите временски услови посетата на семинарот од страна на друштвото беше откажана, за што се даде предлог да се напише писмо за известување на нашето отсуство и извинување за истото, упатено до Институтот за географија-Скопје.
7. Разно
Присутните беа информирани за претстојната обука организирана од Мајкрософт и Министерството за образование и наука, на која учесниците ќе се обучат за изработка на видео материјали во програмот Movie maker.
Секретар
Гордана Бошковска
· Состанокот се одржа на ден 24.09.2011 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОСУ Гимназија "Јосип Броз-Тито" - Битола
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување на предлог барањето до надлежните институции за измени на наставната програма по географија за седмо одделение
2. Дискусија за предметот природни науки и техника во шесто одделение (гостин: Ивица Гиевски-советник по географија)
Бидејќи советникот Ивица Гиевски беше оневозможен да присуствива на состанокот, се разви само кратка дискусија во која според искуствата на наставниците кои предаваат во шесто (деветтолетка) одеделение, се дојде до заклучок дека наставните содржини кои произлегуваат од предметот географија се минимално објаснати во изготвениот учебник, а со тоа се чувствува и оштетеност како кај наставниците така и кај учениците.
3. Доделување на признанија за учениците кои освоија награди на регионалниот натпревар по географија 2011 година
Претседателот Мите Ристов ги додели признанијата на менторите на успешните ученици, со желби за уште поголеми успеси на наредниот регионален и републички натпревар.
4. Едукативна работилница на тема „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“ (за членовите кои не присуствувале на работилницата реализирана во месец јуни)
Едукативната работилница повторно беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа си отворија профили на кои беа обучени сами да изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат простор за формативно оценување во текот на секој час, како и претстава колку учениците совладале во текот на часот.
5. Разно
По оваа точка од дневниот ред се одреди терминот и локацијата на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која ќе се реализира на 15.10.2011 година со следнава маршута: Битола-Маврово-водопад Дуф, с.Ростуше-Охрид-Битола.
Состанокот се одржа на ден 22.06.2011 год., со почеток во 09,00 часот во просториите на
ОУ "Тодор Ангелевски" - Битола
· На состанокот присуствуваа 20 членови
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог барање до надлежните институции за измени на наставната програма по географија за VII одделение
-голем дел од наставните содржини се повторуваат;
-малку часови за повторување и утврдување на знаењата на учениците;
-преголем број на наставни содржини, во кои има непотребни податоци (пр. парламент, пратеници, уредување, и т.н.)
Со цел подетално да се обработат и прошират овие забелешки, се оформи работна група составена од следниве членови: Никола Димитров, Лука Карапетроски, Методиј Богоевски и Гордана Бошковска.
2. Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“
Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што наставниците си отворија профили на кои беа обучени сами да изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат простор за формативно оценување во текот на секој час, како и претстава колку учениците совладале во текот на часот.
3. Разно
По оваа точка од дневниот ред се дискутираше за терминот на реализација на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која се одложи за месец август 2011 година.
4. Пет години од работата на РГД „Геосфера“
Со голема радост, скромен коктел и торта, се прослави петгодишнината на постоењето на РГД „Геосфера“, со желби дека активностите во иднина ќе бидат на уште повисоко ниво, со цел подобрување на местото на географијата во образовниот процес и промоција на истата.
Петтото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 05.02.2011 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Презентација на годишната програма за работа на Друштвото
2. Избор на членови во работни тела на Друштвотo
Во однос на втората точка од дневниот ред, беа едногласно избрани следниве предложени членови на: Извршен одбор:
· Никола Димитров (Битола);
· Лука Карапетроски (Битола);
· Трајанка Гелевска (Битола);
· Сашо Вренцовски (Д.Хисар) и
· Сузана Тозиевска (Ресен).
Надзорен одбор:
· Бранко Стојановски (Битола);
· Ристо Грујовски (Битола);
· Татјана Бунарџиевска (Битола).
3. Промена на Статутот на Друштвото
Беа дадени предлог промени на вкупно 14 члена (2, 6, 7, 10, 15, 16, 20, 21, 24, 25, 30, 33, 34 и 46) на Статутот на Друштвото кои беа едногласно усвоени.
4. Организирање на регионалните натпревари по географија
На почетокот се известија присутните наставници дека оваа година регионалните натпревари ќе бидат на 16.04.2011, а републичкиот на 06 и 07.05.2011г во Валандово. За основните училишта ќе бидат содржините од учебникот за VII одд. Потоа се дискутираше за одредување на домакин (училиште) на регионалните натпревари. Бидејќи минатата година и регионалниот и државниот натпревар беа во О.У. „Елпида Караманди“ претседателот на Друштвото, Мите Ристов, даде предлог оваа година регионалниот натпревар да се одржува во О.У. „Коле Канински“ (како второ-пласиран на регионалниот натпревар изминатата година).
Во однос на изготвувањето на тестовите се донесе одлука оваа година да бидат пратени тестови од Македонското Географско Друштво, со цел да се постигнат поголеми резултати на Републичкиот натпревар.
5. Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“
За жал последната активност од дневниот ред не беше реализирана, поради технички причини и беше одложена за наредниот состанок.
6. Разно
Претседателот на Друштвото Мите Ристов го презентираше заедничкиот труд со Даниела Ристова, на тема „Наставата по географија во 21 век“ кој беше успешно презентиран и прифатен на IV Конгрес на географите на РМ во Дојран минатата година.
Третото изборно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 20.11.2010 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2010 год.
- Присутните од страна на Претседателот на Друштвото Проф. д-р Никола В. Димитров беа информирани за спроведените активности на Друштвото за 2010 год. од кои како позначајни беа наведени: одржувањето на Републичките и регионалните натпревари по географија во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола, учеството на IV Конгрес на географите на Р.Македонија, апликацијата на проекти до Владата на РМ, реализирана теренска екскурзија и посета на локалитетите: Кокино, манастирот Св.Јоаким Осоговски и Куклица. Исто така, претседателот даде извештај за финансиското работење на Друштвото, спонзорствата од Општината. Овој извештај во целост беше усвоен, особено поради причината што сметката на Друштвото е во позитива и покрај скромните средства со кои располагаме!
- Членовите беа запознати со темите преку кои наши членови учествуваа на IV Конгрес на географите на РМ и беше презентирана посебната веб страница преку која наставниците ќе можат да ги разгледаат научните трудови од нашите членови.
- Бидејќи мандатот на Претседателот на Друштвото Проф. д-р Никола В. Димитров измина, на ова годишно собрание се избра нов претседател и секретар на Друштвото. Од страна на учесниците беше искажана голема благодарност до првиот претседател на возобновеното географско друштво, за целокупниот негов ангажман во изминативе скоро 5 години и несебичната посветеност Друштвото да функционира во вистинска смисла на зборот. По предлог на Никола В. Димитров за иден претседател на Друштвото беше предложен Мите Ристов. Предлогот беше едногласно усвоен. Претседателот Мите Ристов, за Секретар на Друштвото ја предложи Гордана Бошковска. И овој предлог беше едногласно усвоен.
- По дискусија на Томче Горгиев, а подржан од останатите учесници, беше истакнат предлог Друштвото за секое учество на членовите, на одржаните состаноци, семинари, екскурзии, итн. да издава потврда за учество, сертификат, да ги објавува на веб страната списоците за присуство и сл., со што, мотивираноста на наставниците за учество во работата на друштвото би се зголемила, а исто така би се збогатило и професионалното портофолио кое ќе го водат училиштата.
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Четвртиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа во Дојран (7 - 10 октомври 2010 год.). На оваа манифестација учествуваа повеќе од 50 излагачи. Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
- Секција за физичка географија, картографија и ГИС;
- Секција за социо-економска географија -
Никола В. Димитров „Просторно-популациски обележја на планинските населби во функција на развој на туризмот во Р.Македонија“
Петар Глигоров „Урбанизација на подпелистерието и влијанијата врз животната средина“ - Секција за методиката во наставата по географија -
Мите Ристов и Даниела Ристова „Наставата по географија во 21-от век“;
Лука Карапетроски, Душко Швигир и Зоран Сребреноски „Интеракција помеѓу географијата и историјата во работата на географската и историската секција“;
Никола В. Димитров и Љупчо Долевски „Менторската улога на наставникот по географија во процесот на изработка на матурските теми“;
Томче Георгиев „Децата со оштетен слух и географијата“.
На 23.01.2010 год. на Институтот за географија при ПМФ-Скопје, се одржа стручен семинар за наставниците и професорите во основните и средните училишта во Македонија.Неколку професори имаа свое излагање на различни теми.
- Проф. д-р Благоја Марковски - „60 години Македонско географско друштво“;
- Проф. д-р Драган Василевски - „Слаповите и водопадите во РМ и нивното значење“;
- Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ - „Динамика на светското население со осврт на РМ“;
- Доц. д-р Никола В. Димитров - „Излети, екскурзии и теренска настава“.
Четвртото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 15.01.2010 год., со почеток во 13,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа поголем дел од членовите на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2009 год.
- Присутните беа информирани за спроведените активности на Друштвото за 2009 год. од кои како позначајни беа наведени: одржувањето на регионалните натпревари по географија во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с.Бистрица, одржувањето на годишното собрание, состанокот по повод измените во наставната програма по географија за 7 одд., апликацијата на проекти до Владата на РМ, итн.
- Исто така, членовите на Друштвото беа информирани за писмеиот одговор од страна на Бирото за развој на образованието, а по повод нашата реакција за измените во наставната програма по географија за 7 одд.
- Членовите беа запознати со дел од дискусиите на седницата во однос на подготовките за Јубилејот 60 год. од МГД и претстојниот Конгрес на географите, како и за дискусијата за проблемите со малата застапеност на географијата во средното гимназиско и стручно образование.
- Програмата е дадена подолу на оваа страница. кликнете овде
- Членовите беа информирани со пропозициите за натпреварите по географија и им беше сугерирано дека тестовите ќе бидат изработени од страна на професорот Мите Ристов.
- Учесниците беа информирани за одлуката Државниот натпревар по географија за 2010 год. да се одржи во Битола во ОУ „Елпида Караманди“ (7 и 8 мај, 2010 год.).
- Со одлука на членството беше формиран Организационен одбор кој ќе ги презеде сите неопходни средства за успешно организирање на Државните натпревари по географија. Одборот го сочинуваат следниве членови: Никола В. Димитров, Мите Ристов, Лука Карапетровски, Душко Швигир, Илче Белџигеровски, Гордана Бошковска, Методи Богоевски, Љупчо Долевски, Ристо Грујовски и Татјана Бунарџиева.
- Од страна на членовите беа изнесени неколку предлози за поуспешно организирање на натпреварите по географија, пред сè, предлозите се однесуваа на: регионален пристап на кандидатите и нивно рангирање според освоените поени на регионално ниво, а не како досега, рангирање на општинско ниво, како и корекција на минатогодишните проблеми со стручните училишта, кога сите кандидати имаа ист тип на прашања, а изучуваат различни наставни програми, а како предлог се даде и тоа, тестовите да бидат стручно изработени со поголем број на прашања.
- Се дикутираше за потребата, членовите активно да учествуваат на Конгресот со изготвени научни трудови. Сите се сложија дека во наредните неколку недели ќе треба да се издефинираат областите и конкретните наслови со кои наставниците би настапиле на Конгресот.
Големи честитки за наставникот Митре Тасевски од ОУ „Коле Канински“ во Битола, кој од Републичкото здружение на просветни работници ја доби престижната награда „Наставник на годината“, со што, ја круниса долгогодишната успешна работа како наставник по географија!
Од сесрце ти посакуваме многу здравје и понатамошни успеси!
МЕЃУНАРИОДЕН НАУЧЕН СИМПОЗИУМ, на тема: „ГЕОГРАФИЈАТА И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ”
ОХРИД, 22-25.10.2009 ГОДИНА, место на одржување хотел “Гранит”-Охрид
На симпозиумот зедоа учество географи од 11 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Албанија, Словачка, Унгарија и Полска) и беа презентирани над 70 реферати од над 100 учесници.
Распоредени во три сесии:
- ПРИРОДНИ КОМПОНЕНТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
- СОЦИО-ЕКОНОМСКИ КОМПОНЕНТИ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
- КАРТОГРАФСКИ И ГИС ТЕХНОЛОГИИ ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ
Исто така, по повод 60 годишнината од работата на Македонското географско друштво, на членовите на РГД „Геосфера“: Мирјана Георгиевска, Трајанка Неделковска, Лука Карапетроски и Мите Ристов, им беше доделена Пофалница за придонес во развојот и афирмацијата на географијата!
Третото годишното собрание се одржа на ден 17.01.2009 год., со почеток во 11,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2008 год.
2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото за 2008 год.
3. Подготовки за еднодневната едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 23.01.2009 год., со изработка на предлози и сугестии за претстојните екстерни оценувања на крајот од учебната година.
4. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2009 год.
5. Подготовки за реализирање на регионалниот натпревар по географија
6. Презентации на изработени веб-страници од географските секции во училиштата: Гимназија „Јосип Броз-Тито“ (http://www.geografija-bt.webs.com), ОУ „Тодор Ангелевски“, (http://www.geo-todor.tk), ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ (http://www.geo-sugarev.webs.com)
7. Разно
На 20.06.2007 год. во просториите на ОСУ „Таки Даскало“ во Битола, за наставниците и професорите од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар, се организира еднодневен семинар на тема: „Изработка на ВЕБ-страница за потребите на географската секција во училиштата“.
Изработката и реализацијата на семинарот беше на проф. Мите Ристов и д-р Никола В. Димитров.
На семинарот зедоа учество скоро сите професори и наставници од регионот кој го покрива РГД „Геосфера“. Секое училиште имаше свој претставник.
Советникот по географија д-р Никола В. Димитров ги потенцира придобивките од одржувањето на овој семинар, како за наставниот кадар по географија, така и за учениците.
Професорот по географија Мите Ристов, визуелно ги потенцира најбитните чекори при изработката на ВЕБ-страницата и за секое училиште беше подарено по едно ЦД на кое сликовито, со неколку чекори е опишана постапката за изработка на ВЕБ-страницата за потребите на географската секција.
На 24.03.2007 год. во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, во соработка со Бирото за развој на образоаванието-Битола, се одржа едукативна средба, со наставниот кадар по предметот географија, од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар.
На средбата се дискутираше по следниот дневен ред:
- Информација за предлог концептот за деветгодишно основно образование и застапеноста на географијата во наставната програма
Оваа информација предизвика бурна реакција кај учесниците на средбата. Во однос на дискусиите, сите се движеа во насока на тоа дека професорите од Институтот по географија, при ПМФ, како и советникот во Бирото за образование од Скопје, недоволно застанале во одбрана и лобирање за географијата.
- Користење на квизот по географија, од ВЕБ-страницата на Друштвото, во функција на унапредување и осовременување на наставата по географија
- зацврснување на стекнатите знаења на учениците по обработка на одредена наставна темa
- согледување на предзнаењата на учениците за одредена наставна тема
- проширување на стекнатите знаења (бидејќи во квизовите има прашања кои ги нема во програмата, а сметаме дека треба да се изучуваат)
- поттик за послабите ученици кои можат преку повеќекратно минување на квизот да се стекнат со основните знаења
- популаризација и афирмација на географијата
- Методологија за реализација на еднодневна теренска настава по географија
фото - галерија
Второто годишното изборно собрание се одржа на ден 09.02.2008 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото.
ДНЕВЕН РЕД
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2006 и 2007 год.
2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото
3. Информација за присуството на еднодневанта едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 18.01.2008 год.
4. Избор на работно претседателство и водење на седница за избор на ново раководство на Друштвото (на старото раководство му беше изгласана доверба за вршење на должноста и во наредните 2 години)
5. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2008 год.
6. Подготовки за реализирање на регионале натпревар по географија
7. Доделување на членски книшки на членовите на Друштвото
8. Обука за користење на Google Earth во наставата по географија
9. Разно
фото - галерија
Основачкото собрание на Регионалното географско друштво „Геосфера“ со седиште во Битола, се одржа на 10.12.2005 год. во просториите на ДСУ „Таки Даскало“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинството од географите во Битола, Ресен и Демир Хисар.
Основачкото собрание беше поделено на два дела: презентација на научните трудови на професорите и наставниците кои учествуваа на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија и основање на РГД „Геосфера“.
Првиот дел, побуди виден интерес, и учесниците со големо внимание ги проследија трудовите презентирани на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија.
Во вториот дел од Основачкото собрание, учесниците беа информирани со предлогот на Иницијативниот Одбор за избор на раководни тела на Друштвото, а потоа се пристапи кон гласање. Предлогот едногласно беше изгласан!
Раководните тела се дадени во прилог на оваа ВЕБ-страница. фото - галерија
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Третиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа на 15.10.2005 год. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На оваа манифестација учествуваа повеќе од 100 излагачи, досега рекорден број на презентери кои воопшто се појавиле на било кој конгрес одржан во нашата земја, од кои половината беа од странство (Бугарија, Србија и Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина). Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
- Секција за физичка географија;
- Секција за социо-економска географија - Никола В. Димитров „Демографски контрасти на населението во РМ според националност, мајчин јазик и вероисповед (попис 1994 и 2002 г.)“
- Секција за методиката во наставата по географија - Лидија Кондинска и Никола В. Димитров „Примена на теорија на графови при боење на географски карти“; Даниела Ристова и Мите Ристов „Примена на принципот на истражување во географијата преку реализираната наставно-научна екскурзија во село Маловишта“; Лука Карапетроски и Душко Швигир „Изработка и примена на нагледни средства во наставата по географија за V одделение“; Ристо Грујовски „Теренската настава по географија во функција на културниот туризам по примерот на Смилево“; Стојановска Бистрица „Слободата на наставникот во креирањето на часот“; Митре Тасески „Изработка и аналитичка проценка на тестови по географија“; Петре Алексоски „Современата настава треба да ја следи соодветно стручно усовршување на наставниот кадар по географија“.