Јавен повик за вклучување во пилотирање на Патоказ за одржливи работни практики
РГД Геосфера-Битола, како дел од проектните активности на проектот „Поттикнување на одржливи начини на работа во новата дигитална ера“ финансиран од Националната Агенција за Европски образовни програми и Мобилност во Македонија, распишува ЈАВЕН ПОВИК за вклучување во пилотирање на Патоказот за одржливи работни практики.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ Проектот „Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера“ (“Fostering sustainable ways to work in the new digital era” – SustainABLE), е спроведуван од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и РГД Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).
Целта на проектот SustainABLE е да влијае на однесувањето на поединците кои работат во мали невладини организации и граѓански здруженија, особено во зелената и дигиталната ера на работа и трансформација, придонесувајќи директно кон намалување на емисиите на CO2 и подобрување на јаглеродниот отпечаток. Ова вклучува подигање на свеста и развивање квалификации за усвојување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост, како што се циркуларна економија, одржлив транспорт, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност и работа на далечина.
Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Во рамките на проектот „Поттикнување на одржливи начини на работа во новата дигитална ера“ е изработен Патоказ за одржливи работни практики. Овој Патоказ се фокусира на поттикнување одржливост, подобрување на оперативната ефикасност во рамки на организацијата и воедно минимизирање на влијанието врз животната средина. Патоказот има за цел да ги поттикне и да им помогне на претставниците од граѓанскиот сектор во усвојување и имплементирање на одржливи практики преку конкретни мерки и насоки.
За таа цел, РГД Геосфера-Битола објавува јавен повик за избор на три невладини организации во кои ќе биде спроведен Патоказот за одржливи работни практики.
ШТО ВКЛУЧУВА ПИЛОТ ПРОГРАМАТА
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИОТ ПОВИК
Предност ќе имаат организации кои имаат покажан интерес или преземено иницијативи за одржливи практики и дигитални алатки во нивното работење, како и организации каде што имплементацијата на Патоказот може да доведе до значителни, мерливи влијанија и промени.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И КРАЕН РОК
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со испраќање на е-маил порака на следната е-маил адреса: [email protected], со назнака за „Јавен повик за пилотирање на Патоказ за одржливи работни практики“.

- Евалуација на примена на постоечки одржливи практики и простор за подобрување во Вашата организација преку спроведување на интервју и презентирање на планот за пилот програмата.
- Прилагодување на Патоказот на специфичниот профил и потребите на Вашата организација, како и потенцијалот во однос на капацитетите и ресурсите. вклучувајќи конкретни препораки и насоки.
- Избор и воведување на одредена активност/услуга (на пр., практики за селекција на отпад, заштеда на енергија, усвојување дигитални алатки итн.), во зависност од моменталната состојба и практиките на организацијата
- Изработка на Акционен план и временска рамка за воведување на активноста/услугата.
- Континуирано менторство, следење и поддршка во фазата на имплементација на процесот.
- Известување и изработка на студија на случај
- Подобрен имиџ и репутација на Вашата организација
- Примената на конкретните мерки и насоки од Патоказот за одржливи практики ќе придонесе кон:
- заштеда на ресурси и економски раст
- намален јаглероден отпечаток
- намалување на стакленички гасови/аерозагадување
- подобрување на квалитетот на животната средина
- Сертификат за одржливост, кој потврдува дека Вашата организација применува одржливи практики
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИОТ ПОВИК
- Организацијата да биде легално регистрирана и активно да работи
- Во организацијата да работат минимум три лица (вработени на цело или половина работно време, волонтери, практиканти)
- Организацијата да ги извршува работните активности во работен простор/канцеларија
- Организации од рурални области или со ограничен пристап до дигитални и одржливи ресурси имаат предност
- Предност имаат и организации кои им служат на обесправените групи како што се младите, жените, родителите, малцинствата или оние кои се фокусираат на еколошки, одржлив или рурален развој
Предност ќе имаат организации кои имаат покажан интерес или преземено иницијативи за одржливи практики и дигитални алатки во нивното работење, како и организации каде што имплементацијата на Патоказот може да доведе до значителни, мерливи влијанија и промени.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И КРАЕН РОК
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со испраќање на е-маил порака на следната е-маил адреса: [email protected], со назнака за „Јавен повик за пилотирање на Патоказ за одржливи работни практики“.
Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера
РГД ГЕОСФЕРА - Битола во моментот го спроведува проектот – Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера ( Fostering sustainable ways to work in the new digital era – SustainABLE), кој е спроведуван од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).
Целта на проектот е воведување на одржливи работни практики, преку промена на однесувањето на луѓето кои работат во граѓански организации (ГО), но и преку подигање на свеста и развивање на квалификации за спроведување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост (пр. циркуларна економија, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност, работа од дома итн.). Така што, преку ваквите активности особено во новата дигитална ера ќе се овозможи зелена/дигитална транзиција која директно ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите и минимизирање на јаглеродниот отпечаток.
Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.
Проектните активности започнаа во ноември 2022г., додека пак крајот и резултатите од овој проект се очекуваат во месец април 2024 година. Со цел добивање на очекуваните резултати планирано е спроведување на соодветни активности донесени во рамките на проектот.
Во моментот во тек е спроведување на првата активност – Анализа на подготвеноста на главните чинители и корисници на проектот, која ќе обезбеди основа за спроведување на понатамошните активности. Реализацијата на оваа актвност ќе овозможи информативен преглед на досегашните познавања на НВО и ГО во поглед на одржливи работни практики и принципи. Следна активност која директно ќе допринесе за постигнување на целите на проектот е развивање на Водич за одржливи практики на работното место, прилагоден за НВО и ГО. Водичот ќе вклучува и Патоказ и тие ќе бидат како воведен дел од пошироката програма за Обука како следна активност. Со цел да се подигне свеста за придобивките за можна зелена/дигитална транзиција кај НВО и ГО планирано е да се спроведат пилот проекти и соодветни студии на случај.
Реализација на сите предвидени активности би довеле до посакуваните крајни резултати, односно успешно промовирање на најефикасните практики кои може да се применуваат на работните места базирани на клучните принципи за одржливост, како и изградба на капацитетите на НВО и ГО кои би се придржувале до соодветниот развиен Водич и Патоказ SustainABLE.

Анкета (алатка) за самооценување на одржливи практики во Вашата организација |
Патоказ за одржливи практики
Your browser does not support viewing this document. Click here to download the document.
А бе, го сакам БАИРО ЧИСТ!
ГЕОСФЕРА-Битола започна со имплементација на проектот „А бе, го сакам БАИРО ЧИСТ“! финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Во рамките на проектот ќе бидат реализирани повеќе краткорочни цели, кои ќе ги подобрат условите за живот на населението во населбата Горен Баир. -Намалување на површините со диви депонии во Горен Баир; -Осознавање за комуналните проблеми со кои се соочува локалното население; -Воспоставување на систем за подигање на отпадот од ЈП Комуналец, селекција на отпадот од ПВЦ гумата од каблите од локалното население и организирање на откуп, -Алармирање на надлежните институции и јавноста за проблемите на просторот, -Поттикнување на одговорност кај населението и подигање на свеста за последиците од фрлањето на отпадоци. |
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО:
Во текот на месец јуни и јули 2020 год. во рамките на проектот беше спроведено теренско истражување и анкетирање на населението во населбата Горен Баир. Резултатите од анкетирањето се дадени во инфографиците.

ОРГАНИЗИРАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола, во рамките на проектот „А бе, го сакам БАИРО ЧИСТ“ поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, во соработка со Центар за еколошка демократија Флорозон од Скопје и Националната коалиција за животна средина (во која членуваат над 30 организации од државата), на 11.9.2020 год. во Хотел Епинал, Битола, организираше тркалезна маса на која преку конструктивна дебата меѓу граѓанските организации и институциите од Општина Битола се дискутираше за супстандардните услови за живот на ромското население во населбата Горен Баир во Битола и се предлагаа одржливи решенија за надминување на проблемите со дивите депонии, спалувањето на кабли и загадувањето на воздухот, како и проблемите со водоснабдувањето и хигиената на населението во услови на пандемија. На тркалезната маса беа присутни 14 учесници, од една страна претставници на институциите: Општина Битола, ЈП Водовод, ЈП Комуналец и ЈП Нискоградба, а од друга страна, претставници на граѓанските организациии: Преда Плус, Сумнал, Ромско јато и Сфера Интернешнал.
На настанот беа презентирани резултатите од теренските истражувања во населбата Горен Баир, кои ги спроведе Геосфера-Битола, а се однесуваат на анкетирање на населението за најголемите еколошки и комунални проблеми, нивно мапирање и промоција на ВИДЕО https://youtu.be/4dYSM-HOh6o за животот на ромското население.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРКАЛЕЗНАТА МАСА.

Да ги заштитиме ПЧЕЛИТЕ, за заедничка ИДНИНА!
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола започна со имплементација на проектот „Да ги заштитиме пчелите, за заедничка иднина“. Всушност, станува збор за серија на едукативни предавања и работилници со ученици од основните училишта од Пелагонискиот регион преку кои ќе се запознаат со основните карактеристики на пчелата, нејзиниот начин на живот и работа, нејзиното значење за севкупниот жив свет на Земјата и значењето на пчелните производи за здравјето на луѓето.
Предавањата ги опфаќаат и тутунопроизводителите кои ќе се запознаат со основните карактеристики на пчеларењето како можна дополнителна дејност, значењето на пчелата за севкупниот биодиверзитет и живот на Земјата, како и значењето на пчелните производи за здравјето на луѓето. За време на предавањата ќе им биде презентирана и интерактивна карта со поволни простори за пчеларење во различни региони во Пелагонискиот регион. После предавањата ќе им биде одржана практична демонстрација на пчеларска кошница и ќе им се изнесат корисни информации за започнување со оваа дејност. |
РГД Геосфера-Битола започнува со имплементација на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“ финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија. Во рамките на проектот ќе бидат спроведени повеќе активности, насочени кон зголемување на свеста кај учениците за соодветно третирање на отпадоците, кон зголемување на свеста на ромското население за последиците од палењето на кабли и кон постигнување на поефикасни мерки на комуналните претпријатија за чистење на отпадот, мониторинг и зголемување на јавното зеленило.
Како дел од активностите во проектот е спорoведување на анонимна онлајн анкета за учениците од основните училишта во градот, со цел, да прибериме конкретни информации за навиките на учениците кон животната средина и третирањето на отпадот.

Креативни работилници со учениците од основните училишта
Во рамките на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“ финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија, на 14.11.2019 год. ,19.11.2019 год. и на 27.11.2019 год. во хотел Театар беа реализирани трите едукативни работилници со ученици од пет основните училишта во град Битола на тема: Справување со отпадот - Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби! На работилниците учествуваа 76 ученици каде на интерактивен начин беа запознати со состојбите со отпадот во градот, резултатите од спроведената анкета врз 634 ученици за навиките на младите со справување со отпадоците, а преку креативни работилници и игри научија како отпадот да се селектира, рециклира и како да се реупотреби за друга намена. Работејќи во групи се дружеа меѓусебно и изработија корисни предмети, како: касички за монети, чантиња за моливи, цветови од хартија и сл. За успешно спроведените активности, но и за продлабочување на знаењата и дисеминација на стекнатите знаења пред останатите ученици во училиштата, на сите учесници им беа доделени еколошки атласи.
РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА НА 634 УЧЕНИЦИ
РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА НА 634 УЧЕНИЦИ
Работилница за користење на рачен алат за соголување на кабли
Во рамките на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“ финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија, на 15.11.2019 год. беше реализирана работилница со ромското население од населбата Баир за користење на рачен алат за соголување на кабли. Покрај практичната работа со рачните алати, на населението им беше укажано на штетноста од палењето на каблите по нивното, но и по здравјето на сите граѓани во Битола. На учесниците им беше подарен рачен алат за соголување на кабли, со надеж дека во иднина ќе се намали палењето на истите и ќе се намали аерозагадувањето во тој дел од градот. Од учесниците беше потенцирано дека доколку ЈП Комуналец од Битола ја откупува гумата од каблите, тоа дополнително ќе го мотивира населението да не ги палат каблите.
„Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во себе“ - Спроведени активности во месец декември 2019
После одржаните работилници со 76 ученици од основните училишта во Битола: ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ОУ „Коле Канински“ и ОУ „Даме Груев“ на тема: Справување со отпадот - Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби!, учениците извршија десиминација на обуките во матичните училишта и ги споделија стекнатите знаења и вештини во справувањето со отпадот, селекција и пренамена на пластиката. По десиминацијата и добиените резултати од спроеведената анкета на 634 ученици, каде учениците сами се обвинуваат за големото количество на расфрлан отпад во училишните дворови, во овие пет училишта во месец декември беа спроведени еко-акции, преку кои учениците на практичен начин демонстрираа како треба да се грижиме за животната средина. Но она по што се надминаа себеси, беше идејата за спроведување на еко-патроли кои секојдневно патролираа низ училиштата, ги опоменуваа несовесните ученици и фотографираа, со што, вистински се погрижија исчистеното да остане чисто, а од друга страна ги поттикнаа учениците да ја разбудат ЕКО-СВЕСТА во себе!
Резултати од проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“!
Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, како граѓанска организација која делува во секторите екологија и образование, заврши со имплементација на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“! поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.
Во текот на периодот на спроведување на активностите од проектот, беа постигнати следниве резултати:
1. Беа реализирани три едукативни работилници со ученици од пет основните училишта во град Битола на тема: Справување со отпадот - Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби! На работилниците учествуваа 76 ученици каде на интерактивен начин беа запознати со состојбите со отпадот во градот, резултатите од спроведената анкета врз 634 ученици за навиките на младите со справување со отпадоците, а преку креативни работилници и игри научија како отпадот да се селектира, рециклира и како да се реупотреби за друга намена. Работејќи во групи се дружеа меѓусебно и изработија корисни предмети, како: касички за монети, чантиња за моливи, цветови од хартија и сл. За успешно спроведените активности, но и за продлабочување на знаењата и дисеминација на стекнатите знаења пред останатите ученици во училиштата, на сите учесници им беа доделени еколошки атласи. Обучените ученици извршија дисеминација на обуките пред останатите ученици во училиштата, со што, ја подигнаа еко-свеста кај учениците.
2. Беше реализирана работилница со ромското население од населбата Баир за користење на рачен алат за соголување на кабли. Покрај практичната работа со рачните алати, на населението им беше укажано на штетноста од палењето на каблите по нивното, но и по здравјето на сите граѓани во Битола. Ромското население од Горен Баир го посетивме и директно ги запознавме со начинот на работа со алатите. На населението им беа подарени 29 парчиња на рачни алати за соголување на кабли, со надеж дека во иднина ќе се намали палењето на истите и ќе се намали аерозагадувањето во тој дел од градот. Населението ни беше потенцирано дека доколку ЈП Комуналец од Битола ја откупува гумата од каблите, тоа дополнително ќе го мотивира населението да не ги палат каблите, на што во контакт со ЈП Комуналец и општина Битола е договорено во периодот кој следи да се организира состанок за разгледување на таа можност.
3. Беше спроведено анкетирање на 634 ученици од пет основни училишта во град Битола за нивните навики со управување со отпадоците на училиште и дома.
4. По десиминацијата на обуките и добиените резултати од спроведената анкета на 634 ученици, каде учениците сами се обвинуваат за големото количество на расфрлан отпад во училишните дворови, беа спроведени 5 еко-акции, преку кои учениците на практичен начин демонстрираа како треба да се грижиме за животната средина. Но она по што се надминаа себеси, беше идејата за спроведување на еко-патроли кои секојдневно патролираа низ училиштата, ги опоменуваа несовесните ученици и фотографираа, со што, вистински се погрижија исчистеното да остане чисто, а од друга страна ги поттикнаа учениците да ја разбудат ЕКО-СВЕСТА во себе! Геосфера достави иницијатива до училиштата за дополнување на еко-кодексот и воведување на општествено корисна работа за учениците кои ја загадуваат животната средина.
5. Во анкетата, од учениците беше посочено дека една од причините што расфрлаат отпадоци е и немањето на доволен број на корпи за отпадоци. Активисти на Геосфера извршија скенирање на теренот околу 23 образовни институции во градот и се констатира дека околу овие институции има само 68 функционални корпи за отпадоци, а според нашите калкулации и мапирање на терен, за нормално функционирање потребни се дополнителни 130 корпи за отпадоци. Повеќе информации на следнава ИНТЕРАКТИВНА КАРТА и во БРОШУРА СО РЕЗУЛТАТИ. Како резултат на ова беше побарано од ЈП Комуналец поставување на дополнителни корпи за отпадоци околу училиштата, на што добивме одговор дека за тоа е потребно одобрување од општина Битола, што е малку нелогично, но во комуникација со општината е договорено на следниот состанок да се разгледа и тој проблем.
6. Според Светската здравствена организација, за одржување на јавното здравје на граѓаните, потребно е парковско зеленило со минимум површина од 9 m2 по жител, а оптимална површина меѓу 10 и 15 m2 по жител. За жал, според ГУП од 1999 год. во град Битола на граѓаните им е на располагање парковско зеленило од само 4,8 m2 по жител или половина од пропишаниот минимум. Просекот на парковското зеленило во градовите на Европската Унија се движи околу 18 m2 по жител. Поради ваквата состојба до општина Битола доставивме 13 предлог површини за изградба на паркови (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот), како и изградба на нов градски парк во Нова Битола, бидејќи во овој регион на градот не постои ниту една уредена зелена површина. За добивање на поголем зелен простор, Геосфера предлага и отстранување на дивите гаражи низ градот и нивно уредување во мали детски паркови и игралишта.
7. Исто така, Геосфера изврши скенирање на урбаното подрачје на град Битола и ги мапира сите диви депонии во градот (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот). Констатиравме две огромни депонии со по над 50 m3 отпад во делот на Горен Баир, кај игралиштето за фудбал и каналот за прифаќање на поројните води. Каналот во еден дел е целосно исполнет со отпадоци и претставува опасност за поплавување на делови од населбата Бадембалари, заради што ќе побараме од ЈП Комуналец во блиска иднина истиот да се исчисти.
8. Во рамките на проектот беше изработено кратко видео за проблемите со кои се соочуваат Ромите од Битола во населбата Горен Баир, пред се поврзано со големите депонии во тој дел на градот и немањето пристап до чиста вода за пиење. ЛИНК ОД ВИДЕОТО.
Со рекреација до подобро здравје
Проектот „Со рекреација до подобро здравје“ е поддржан од општина Битола во 2018 год. и со неговата реализација детално се опишани рекреативните патеки над град Битола и нивните технички карактеристики. Извршени се мерења на просторот со GPS уред, маркирани се сите карактеристични точки по патеките и прикажан е профилот на патеката од Тумбе кафе до Брусничка населба.
Со издавањето на брошурата за овие рекреативни патеки се надеваме дека ќе мотивираме голем број на граѓани на Битола за помасовно користење на истите во текот на целата година, што ќе резултира со подобрување на нивното здравје. Ова особено е значајно со оглед на тоа што Битола се соочува со голема загаденост на воздухот во текот на зимскиот период и овие патеки се најблизок излез кон почист воздух.
ИНТЕРАКТИВНА КАРТА ОД РЕКРЕАТИВНИТЕ ПАТЕКИ НАД ГРАД БИТОЛА
Учество со презентација на завршниот настан на Civica Mobilitas
Геосфера-Битола на во периодот меѓу 30.11 и 01.12.2018 год. во Холидеј Ин, Скопје, со своја презентација, меѓу десетте одбрани, учествуваше во завршниот настан на Civica Mobilitas и доби високи оценки од присутните преку 150 учесници. Подршката од Civica допринесе за поголема промоција на нашата организација и ги истакна квалитетите кои ги поседуваме.
Едукативно предавање
Со едукативното предавање „ПМ честичките во воздухот- континуиран убиец на сите нас“официјално беше означен почетокот на проектот СЛИКАЈ, ПОСТИРАЈ, АЛАРМИРАЈ !
Предавањето се одржа на 25.10.2017 година, во просториите на Хотел Tеатар – Битола, каде во присуство на голем број ученици и гра|ани, беа изнесени општите аспекти на аерозагадувањето со ПМ честичките во Македонија и светот и беа претставени активностите и целите на проектот.

Подигање на еко свеста кај младите за аерозагадувањето во град Битола
Една од главните активности и цели на проектот беше запознавањето на поширок број на ученици со проблемот на аерозагадувањето со ПМ честички, како и подигање на свеста на младите за истото и можноста да допринесат во локалната заедница, преку идентификување на аерозагадувачите. Тоа се реализира во две средни и седум основни училишта, во кои се одржаа едукативни предавања од страна на група ученици, под менторство на нивните професори по географија.
Склучен меморандум за соработка со Општина Битола

Во текот на реализирањето на активностите на проектот, на големо задоволство на РГД „Геосфера“ и поширокиот аудиториум вклучен во проектот, стигна покана за потпишување на меморандум за соработка со Општина Битола. Меморандумот беше потпишан на ден 24.11.2017 година од страна на претседателот на РГД „Геосфера“, м-р Мите Ристов и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Со тоа се оствари една од главните цели на проектот - да се алармира кај надлежните институции, кои преку следење на конкретните извори на аерозагадување ќе можат да превземат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Активности на Facebook страната
Изработена интерактивна карта на аерозагадувачи во Google Maps
Извршени мерења и мапирање на аерозагаденоста во град Битола
Измерени моментални концентрации на честички на 03.11.2017 год. во период меѓу 19 и 21 h на 13 мерни места.
Временски услови: температура околу 7 0C и слабо приземно струење на воздухот од запад (од Пелистер). Евидентни се зголемени концентрации на честички во централното градско подрачје, а намалени концентрации во западните повисоки делови на градот. Приземното струење на Пелистерецот го поместува аерозагадувањето кон исток. Тоа особено се забележува од графиконот, каде кулминацијата во загадувањето во мерната станица Битола 1 (која се наоѓа во близина на градските гробишта) е со задоцнување од 1-2 часа од мерната станица Битола 2 (која се наоѓа во централното градско подрачје). |
Измерени моментални концентрации на честички на 10.11.2017 год. во период меѓу 13 и 15 h на 13 мерни места. Временски услови: температура околу 11 0C и слабо приземно струење на воздухот од исток (од Пелагонија). Од мерните станици на Министерството за животна средина се забележува дека концентрациите на ПМ честички во периодот меѓу 13 и 15 часот се ниски, особено во мерната станица Битола 1. Тоа се потврдува и од извршените мерења на Геосфера, каде поради дневното струење на воздухот од Пелагонија кон Пелистер, концентрациите на ПМ честички се најмали во источниот дел на градот, а се зголемуваат кон западниот дел, што укажува на потекло на загадувањето од урбаната зона, особено од домаќинствата.
|
Измерени моментални концентрации на честички на 06.12.2017 год. во период меѓу 22 и 23 h на 13 мерни места на потегот меѓу Битола и Новаци. Временски услови: температура околу 1 0C и слабо приземно струење на воздухот од северозападен правец.
Од извршените мерења е констатирано екстремно загадување во урбаниот дел на Битола, особено на потегот меѓу Црн мост и бензинската Вингс. Од сите графикони се забележува дека главните пикови на ПМ честички во воздухот се јавуваат во периодот после 15 часот, што се поклопува со периодот на стабилизација на локалното струење на воздухот Пелагонија-Пелистер и потпалувањето на огништата на дрва. Надвор од градот, кон Новаци, концентрациите на честичките значително се намалува, иако забележително е присуството на сулфур диоксид во воздухот. |
Измерени моментални концентрации на честички на 25.12.2017 год. во период меѓу 14 и 15 h на 14 мерни места на потегот меѓу Битола и Новаци. Временски услови: температура околу 8 0C и слаба циркулација на воздухот од југисточен правец. Од извршените мерења се забележува акумулирање на честички од урбаното подрачје на Битола кон западните делови на градот т.е. Нова Битола, како резултат на струењето на воздухот. На сликата е прикажено аерозагадувањето во Битола на истиот датум, сликано во близина на село Логоварди.
|
Измерени моментални концентрации на честички на 26.12.2017 год. во период меѓу 19 и 20 h на 14 мерни места на потегот меѓу Битола и Новаци. Временски услови: температура околу 2 ст. C и циркулација на воздухот од западен правец (Пелистер-Пелагонија). Циркулацијата на воздухот е една од главните причини за намалување, но и за зголемување на аерозагадувањето.
Од извршените мерења, како и од графиконот за мерните места Битола 1 и 2, се забележуваат варијации во концентрациите на ПМ честички во текот на денот и ноќта, условено од дневната и ноќната циркулација на Пелистерецот. Повторно се забележува зголемување на концентрациите после 16 часот, пак како резултат на палењето на огништата на дрва во домаќинствата. Исто така, на овој ден, во мерната станица Битола 1 е забележана највисоката концентрација на ПМ 10 честички за тековниот зимски период, со измерени концентрации од скоро 700 µg/m3, што претставува 14 пати повисоки вредности од максимално дозволените концентрации (МДК), кои изнесуваат 50 µg/m3. |
Измерени моментални концентрации на честички во периодот меѓу 19 и 20 часот на 17 мерни места.Временски услови: температура околу 3 ст.C, висока влажност на воздухот и мирно време без циркулација на воздухот. Од картата се забележува дека и во самото централно градско подрачје има различни варијации во концентрациите на ПМ честички. Најзагаден моментален простор била градската населба Јени маало и областа околу селската автобуска станица, како и делот на Дрвен пазар, што се должи на големата густина на индивидуални куќи за домување, користењето на дрво за огрев и слабата циркулација на воздухот. Она што јасно се забележува е дека и мала зелена површина, како паркот кај градскиот часовник, во значителна мера влијае врз намалување на високите концентрации на ПМ честички во воздухот.
|
Среднодневни концентрации на ПМ 10 честички за месеците 11 и 12.2017 и 01.2018
Извор: http://air.moepp.gov.mk/
Од анализата на графиконите за среднодневните концентрации на ПМ-10 честички во град Битола за периодот на месеците ноември, декември и јануари, се забележува дека најзагаден месец бил јануари, со вкупно 26 денови со концентрации на честички над максимално дозволените концентрации од 50 µg/m3, на мерното место Битола 2, кое е лоцирано во централното градско подрачје.
|
Причини за аерозагадувањето со ПМ честички
Од презентираните резултати од извршените мерења на Геосфера, во различни периоди од денот, на различни локации, во и надвор од град Битола, е утрдено дека причините за високите концентрации на ПМ честички во воздухот, во најголем процент лежат во согорувањето на дрвото во огништата на домаќинствата.
Од графиконот се забележува дека највисоките средномесечни концентрации на ПМ-10 честички се забележуваат во периодот меѓу месеците ноември и февруари, за време зимската сезона, кога над 62% од домаќинствата согоруваат дрво за затоплување (Извор: Државен завод за статистика). |
Високите емисии на ПМ честички од согорувањето на дрвото се забележуваат и од графиконите од годишниот извештај за 2016 год. на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде учеството на согорувањето на дрвото во емисиите на ПМ-10 честичките изнесува 39%, а на ПМ-2,5 честичките дури 57%.
|
Секој град во Македонија се разликува еден од друг во однос на причинителите на аерозагадувањето. Отежната околност за Битола е тоа што на растојание од околу 13 km источно од градот се наоѓа еден од најголемите аерозагадувачи во државата, РЕК-Битола. Термоцентралата на годишно ниво врши емисии на ПМ честички од 9257 тони (мерења 2012 год., Извор: Еко-свест, 2014.), што е 7-8 пати повисока вредност од дозволената, исфрла сулфур диоксид 6-7 пати повеќе од дозволеното и големи концентрации на тешки метали (види табела, Извор: Технолаб Скопје, 2011).
|
РЕК Битола несомнено е голем аерозагадувач, сепак, поради големата оддалеченост од градот и поволната ружа на ветрови, каде доминираат ветрови од северен и јужен правец, а ветровите од источен правец се со најмала честина, неговото влијание врз град Битола е ограничено.
Според Пилот програмата за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола, 2012 год. и со примена на соодветна методологија, утврдено е дека вкупните годишни емисии на ПМ честички од неиндрустриските емисии, односно домаќинства, се еквивалентни на оние од индустриски емисии (види табела). Бидејќи неиндустриските емисии воглавно се ограничени на зимскиот период во годината, во траење од околу 4 до 5 месеци, и врз основа на сите претходно презентирани податоци и извршени мерења, може да се констатира дека доминантен причинител за аерозагадувањето во град Битола со ПМ честички се домаќинствата . Според нашите пресметки домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70% од емисиите на ПМ честички. |
Последици од аерозагадувањето од согорување на дрво

Согорувањето на дрво, особено на дрво со голем процент на влажност, ослободува огромни емисии на ПМ честички, особено на ПМ-2,5 честички. Овие честички, поради малиот пречник, можат преку алвеолите во белите дробови да навлезат во крвотокот на организмот и да се таложат во крвните садови, предизвикувајќи тромбови, срцеви и мозочни удари. Всушност главните причини за смртност на населението во Битола се оние кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања, а во голем процент се последица на аерозагадувањето.
Како многу штетно за човековото здравје е ослободувањето и на одредени хемиски супстанции.
Диоксините се многу стабилни супстанци кои тешко се разградуваат и опстојуваат во животната средина и живите организми во кои се акумулираат. Од графиконот се гледа дека согорувањето на дрвото, пред сè од домаќинствата, има најголемо учество во вкупните емисии на диоксините и фураните со дури 75%.
Овие загадувачки супстанци имаат полуживот во времетраење од 7 години во човечкиот организам. Нивната токсичност резултира со зголемен број на канцерогени случаи, што е честа појава во Битола.
M. Kogevinas (2001): “Human health effects of dioxins: cancer, reproductive and endocrine system effects”, Human Reproduction Update, Vol.7, No.3 pp. 331±339, 2001.
https://pdfs.semanticscholar.org/bea1/e872841213e52e6964b4e3aee73a5a898d73.pdf

Со 71% во емисиите на јаглерод моноксид (CO) учествува согорувањето на дрвото во домаќинствата.
CO дејствува директно на кардиоваскуларниот систем, како и на централниот нервен систем. Оние кои подолго време се изложени на повисоки дози на CO покрај главоболка чуствуваат вртоглавица, замор и редукција на менталната способност.

Токсичноста на Полициклични армоматични јаглеводороди (РАНs) целосно е зависна од структурата на соединенијата. РАН соеднинението бензо(а)пирен е познато по тоа што било прва откриена канцерогена хемикалија (и е една од многуте канцерогени супстанци кои се јавуваат во димот од цигарите). Класифицирани се 7 РАНs соединенија кои што се канцерогени за човекот.
Освен канцерогените својства имаат и мутагени и тератогени својства. Висока пренатална изложеност на РАНs се асоцира со астма кај децата. Студиите покажуваат дека изложеноста на РАНs за време на бременоста резултира со негативни резултати како предвремено породување, ниска телесна тежина кај новороденчињата и срцеви малформации. Земените примероци на крв од папочната врвка на изложени бебиња покажуваат оштетување на ДНК. Студиите покажуваат пониско ниво на развој кај тригодишни деца, пониски резултати на тестови на интелегенција и зголемување на проблеми во однесувањето на возраст од шест и осум години. Исто така изложеноста на РАНs кај децата резултира со високи нивоа на анкисиозност или депресија.
Полицикличните ароматични јаглеводороди во суспендираните честички (PM-10) беа мерени во текот на шестмесечната кампања во Карпош, Скопје во периодот од август 2015 до март 2016 година.
Врз основа на резултатите од мерната кампања, концентрациите на B(a)P се повисоки за 8 пати од дозволените во текот на ноември до февруари (Извор: МЖСПП, Годишен извештај за 2016). Ова очигледно е поврзано со повисоките емисии кои произлегуваат од греењето во домаќинствата, а во вкупните емисии учествуваат со високи 89%.

Предлог мерки за намалување на аерозагадувањето
1. Зелена Битола
|
2. Битола - велосипедски град

- Изградба на велосипедски патеки низ градските улици. Во прва фаза покрај главните улици (во должина од 10,4 km), а во втора фаза (во должина од 8,4 km) - види карта;
- Основање на 6 велосипедски пунктови за изнајмување на велосипеди на следниве локации: Горно Веро, Болница, Јавор, Дом на културата, Стрелиште и Буковска населба (види карта). Поттикнување на граѓаните за користење на велосипедите, со тоа што првите 30 min ќе бидат бесплатни.
- Прогласување на улици за пешачки зони, како: улицата Булевар 1-ви Мај, на потегот од дрвеното мовче до Мојсов мост и улица Никола Тесла, на потегот од река Драгор до Гроздот, во вкупна должина од 900 m (види карта).
3. Затоплување на домовите и институциите
До конечното гасифицирање на градот, како трајна мерка за решавање на аерозагадувањето во град Битола, а како резултат на огромното загадување од страна на домаќинствата и институциите во текот на грејната сезона, се предлагаат следниве мерки:
|
4. Индустрија и мало стопанство
- Постојани контроли и вонредни мерења на емисиите на штетни гасови на индустриските капацитети со и без Б интегрирана еколошка дозвола, особено во зимските месеци од годината;
- Дислокација на индустриските објекти од станбените зони;
- Промена на огништата кај пекарите на леб од дрво во електрична енергија, поставување на водени филтри на оџаците или нивна дислокација надвор од станбените зони (минимум 200 m, според правилникот за одредување на зони за санитарна заштита);
http://www.moepp.gov.mk/wpcontent/uploads/2014/09/Pravilnik%20za%20klasifikacija%20na%20objektite%20sto%20go%20zagadat%20vozduhot.pdf
5. РЕК-Битола
|
6. Заштита на децата и старите лица
7. Сообраќај
- Субвенционирање на ДПФ филтри за автобусите од градскиот превоз додека да се набават нови еколошки возила или барање на донација за набавка на катализатори од Џонсон Мети. http://www.eminox.com/retrofit
- Основање на Јавно претпријатие за градски сообраќај и воведување на поголем број на линии во градскиот сообраќај и почеста фреквенција;
- Во деновите со високи концентрации на ПМ честички да се воведе бесплатен јавен транспорт, но во комбинација со мерката ПАР-НЕПАР, за вистинско намалување на фреквенцијата во сообраќајот;
- Во соработка со централната власт, субвенционирање на замена за патнички возила од бензински во плински уред по модел 50-50%;
8. Инспекторат за животна средина
- Бидејќи за општина Битола е надлежен само еден овластен инспектор, потребно е вработување на барем уште еден овластен инспектор за животна средина;
- Во соработка со инспекторатот да се поттикнат измени и дополнувања во законите за животна средина, опфаќање на домаќинствата како аерозагадувачи, нивен надзор и санкции.
- Овластениот инспектор да доставува месечни извештаи за своите активности пред јавноста преку веб страницата на општина Битола;
- Општина Битола да овозможи полесно пријавување на загадувачи на животната средина преку соодветен портал или веб страница.
Интерактивна карта на Google Maps со предлог мерки
Изработените предлог мерки за намаување на аерозагадувањето во Битола визуелно се претставени преку интерактивна карта на Google Maps.
Кликнете врз картата за повеќе информации.
Кликнете врз картата за повеќе информации.
Публикација од истражувањата
Сите резултати од истражувањата и прибраните податоци од релевантни институции за загадувањето на воздухот во Битола со ПМ честички, можете да ги видите во изработената ПУБЛИКАЦИЈА.
Геосфера, февруари 2018.
Сите права се задржани. Користење на информациите само со цитирање на изворот.
Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, проект Сликај, постирај, алармирај, поддржан од Цивика Мобилитас.
Сите права се задржани. Користење на информациите само со цитирање на изворот.
Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, проект Сликај, постирај, алармирај, поддржан од Цивика Мобилитас.